Резервирај сега
hotel-vlaho-skopje-mk hotel-vlaho-skopje-mk hotel-vlaho-skopje-mk

Хотелски капацитети

Како да стигнете кај нас

World Class Pick Up

Превоз од светска класа

Хотел Влахо ви нуди линиски превоз до локалниот аеродром.

Цена: 20 евра

Изнајмете автомобил

Хотел Влахо ви нуди услуги за изнајмување на автомобил.

Листа на автомобили што може да се изнајмат:
1. BMW x6 3.5 Xdrive
2. Volkswagen Touareg
3. Audi A5 Diesel
4. Passat 2017
5. Skoda Octavia 2017
6. Opel Astra Automatic 2017
7. Golf 7 2016
8. Fiat Tipo Sedan 2017
9. Opel Corsa 2017
10. Skoda Fabia 2017
11. Volkswagen Up Automatic 2017
12. Fiat Grande Punto
13. Seat Ibiza
14. Mercedes Vito 2017 (7+1)

Balkan rent a car Balkan rent a car

ТУРИ

Premier apartment

ТУРА НИЗ ГРАДОТ СКОПЈЕ

Скопје е главниот град на Северна Македонија. Голем дел од градот е одново изграден бидејќи многу згради беа срушени во земјотресот од 1963 година. Една од најголемите атракции во Скопје е Старата скопска чаршија. Чаршијата е полна со продавници и ресторани. Тука се наоѓа и црквата Св. Спас и најголемиот дел од спомениците од ерата на отоманската империја.

Premier apartment

ТУРА НИЗ КАЊОНОТ МАТКА

Посетете ја црквата Св. Пантелејмон и милениумскиот крст на планината Водно каде ќе добиете панорамски поглед на градот Скопје и убавиот пејсаж на околните планини и нивните зелени долини. Потоа турата продолжува до Кањонот Матка каде ќе имате можност да уживате во многуте удобности на кањонот. Посетителите може да ја посетат и најдлабоката пештера Врело.

Premier apartment

ТУРА НИЗ МАКЕДОНСКИТЕ ВИНАРИИ

Приказната за македонското вино е приказна исполнета со безброј карактери, вкусови и тајни рецепти што се пренесуваат традиционално низ вековите од генерација на генерација. „Приказната нема ни почеток ни крај“ – ова е изјава на македонските винари кои се многу горди на својата традиција на одгледување лозови насади од многу различни и уникатни видови на грозје и производство на вино.

Premier apartment

ТУРА ДО ОХРИД И ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

Навистина е мистериозно како градот Охрид со своите 365 цркви – по една за секој ден од годината, признаен како светско наследство од Обединетите Нации, со езеро заштитено од УНЕСКО, прекрасни плажи и многу ниски цени може да остане толку добро сокриена тајна за Западните туристи. Градот е сместен покрај Охридското езеро и ви дава чувство на ладна медитеранска клима и кристално чиста вода, плажи со ситни камчиња и насади со лубеници покрај патиштата.

Галичник е едно од најубавите места во Северна Македонија. Се наоѓа во падините на планината Бистра и е центар на Мијачкиот регион. Препознатлив е по архитектурата, но и по Галичката свадба која се одржува на 12 јули, на празникот Петровден. Меѓу другото, Галичник крие прекрасни пејсажи, планински предели кои можете да ги доживеете уште повеќе, ако го прошетате регионот на автентичен начин – јавајќи на коњ. Доколку имате желба, пријавете се за една од турите кои се организираат со специјален водич.

Local attraction Local attraction Local attraction
Wine promotion

Вино во соба

Кај нас гостите секогаш се на прво место. Затоа за добредојде, сакаме да бидете истретирани како што треба. Уживајте во пријатниот вкус на топлото добредојде со црвено вино или пак бело вино кое ќе ве очекува штом пристигнете во собата.

Испрати емаил за вино во соба

Промоција – бесплатен фитнес тренинг

Веднаш до хотелот има фитнес центар, кој е одлично место за сите ентузијасти подготвени за предизвици. Ви даваме можност да добиете бесплатен фитнес тренинг – одличен начин да се почне или заврши денот.

Oстанете во форма!

Испрати емаил за фитнес промоција

Fitness training
Airport transfer

Промоција – бесплатен превоз од и до аеродром

Патувањето може да биде напорно. Затоа потребно е да имате организиран превоз веднаш штом ќе пристигнете на вашата дестинација. Ние нудиме бесплатен превоз од аеродром до нашиот хотел кога ќе доаѓате. Другата опција е да добиете бесплатен превоз по завршување на вашиот престој од нашиот хотел до аеродром. Изборот е ваш.

Испрати емаил за промоција со бесплатен превоз од и до аеродром

Цвеќиња во соба

Како дел од нашата понуда е топлото добредојде во апартманите и собите. Цвеќето е секогаш добар избор бидејќи дава чувство на топлина и посебност.

Испрати емаил за цвеќиња во соба

Flowers
Honeymoon

Промоција за меден месец

Медениот месец е еден од најубавите периоди. Токму затоа ние сакаме нашите гости да го поминат незаборавно и да се почувствуваат посебно. Ужувајте во слатката понуда за добредојде и дозволете да ве изненадиме.

Испрати емаил за промоција за меден месец

Промоција за благовремено резервирање

Нудиме попуст за сите оние што сакаат благовремено да си го организираат својот престој. Резервирајте го вашиот престој, искористете го попустот и опуштете се во нашите соби и прекрасниот амбиент што ве опкружува.

Испрати емаил за промоција за благовремено резервирање

Early booking
Last minute

Промоции за резервации во последен момент

Без паника! Резервирајте веднаш и искористете го попустот за резервации во последен момент.

Испрати емаил за промоции за резервации во последен момент

Промоција со бесплатна вечера – Вкусно и бесплатно

Нема ништо поубаво од споделување на пријатни мигови со вашиот партнер или пријателите, особено кога тие моменти се збогатени со нашата вкусна македонска кујна која ги отвора и задоволува сите ваши сетила. Резервирајте и уживајте во бесплатната вечера.

Испрати емаил за промоција со бесплатна вечера - Вкусно и/а бесплатно

Dinner
Rental bike

Промоција со бесплатно изнајмување на велосипед

За сите љубители на спортот и рекреацијата, земете ги вашиот партнер и пријатели и релаксирајте се во природата што ве опкружува. Уживајте во погледот што ве опкружува. Природата ве повикува!

Испрати емаил за промоции со бесплатно изнајмување на велосипед

Галерија

Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image Hotel Vlaho Gallery Image

НПП

Колку соби има хотелот?

Хотел Влахо има 17 соби на 5 ката.

Колку луѓе можат да престојуваат во секој тип на соба?

Економични Соби – Максимум 2 луѓе
Стандард Соби – Максимум 2 луѓе
Делукс Соби – Максимум 2 луѓе
Супериор Апартман – Максимум 3 луѓе
Делукс Кралски Апартмани – Максимум 3 луѓе
Сите соби се наместени со двоен кревет, но уредувањето со посебни кревети може да се избере како опција во процесот на онлајн резервирање на соба.

Дали е вклучен појадокот во цената на собите?

Појадокот е вклучен во цената на собите.

Кои се димензиите на креветите?

Кралски кревет (Super King Size): 180 х 210см
Кралска кревет (King Size ): 160 х 210см
Брачен кревет (Double bed): 160 х 200см; 150 х 200см
Единечен кревет (Single bed): 90 х 210см; 80 х 210см; 80 х 200см.

Дали се достапни кревети за бебиња?

Креветите за бебиња се достапни бесплатно.

Во колку часот е приемот/одјавата?

Приемот е по 14:00 часот, а одјавата е пред 12:00 часот. Гостите може да побараат да се одјават подоцна утрото кога треба да се одјават, доколку има можност за тоа.

Дали има остава за багаж во хотелот?

Нашиот хотел има остава за багаж достапна на денот на пристигнување и заминување, за времетраење на денот.

Дали има ресторан во хотелот?

Имаме сопствен ресторан во хотелот и нудиме повеќе видови пијалоци во лоби барот.

Дали има безжичен интернет во хотелот?

Има достапен бесплатен безжичен интернет во хотелот. Лозинката за безжичниот интернет е достапна во собите.

Дали хотелот нуди услуги на перење/пеглање облека?

Хотел Влахо нуди услуги на перење/пеглање облека. За повеќе информации обратете се на Рецепцијата.

Дали се достапни такси услуги и превоз од/до аеродром?

Хотел Влахо нуди такси превоз и превоз од/до аеродром како дополнителни услуги за своите гости.

Дали хотелот нуди некои други дополнителни услуги?

Хотел Влахо нуди повеќе дополнителни услуги кои можат да се разгледаат во менито ПОНУДИ.

Дали хотелот има паркинг?

Хотелот нуди приватен бесплатен паркинг за гостите, достапен по барање.

Настани

Априлијада 2019
Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје ве канат на детска забава Априлијада - „Скопје се смее“ на 1ви Април 2019, заедно со Златно Славејче, децата со Даунов синдром од Трисомија21, децата од музичкото училиште Music House, Мина Блажев, Елита Зибери и Лина Пејовска, Александар Митевски, Арбен Бени Шаќири, DJ Ampov.
Локација: Плоштад Македонија
Датум: 01.04.2019
Време: 12:00 – 19:00 часот

Events

Голема Ретро забава “Forever Young” Забава за сите генерации! Останете млади, забавувајте се и уживајте во најголемите светски хитови со најдобрите ретро диџеји на едно место. Локација: С.Ц. Борис Трајковски Датум: 05.04.2019 Време: 21:00 – 03:00 часот

Events

Концерт на Саша Коваќевиќ
Овој месец ќе имате можност да ги слушнете во живо најголемите хитови на миленикот на македонската и балканската публика Саша Коваќевиќ.
Локација: ВИП Арена Борис Трајковски
Датум: 06.04.2019
Време: 21:00 – 1:00 часот

Events

Трчаме кон целта
Оваа година по 14ти пат ќе се организира традиционалниот полумаратон “Трчаме кон целта“. Полумаратон 21км, штрафети 3џ7км,5км и детска забавна трка на 1км до 12 години.
Локација: Парк Аеродром (Авион)
Датум: 06.04.2019
Време: 08:00 – 13:00 часот

Events

Winemaker Dinner Series
Ноќ посветена на уметноста наречена ВИНО!
Запознајте се со тајните на храната и виното преку презентација на енолози од винаријата Тиквеш и уживајте во врвните специјалитети.
Локација: Distrikt Bar & Kitchen
Датум: 11.04.2019
Време: 20:30 – 23:30 часот

Events

Лебедово езеро - П.И. Чајковски
Лебедово езеро е балет композиран од П.И. Чајковски во 1875-76. И покрај првичниот неуспех, оваа изведба е денес една од најпопуларните балети.
Локација: Македонска опера и балет
Датум: 12.04.2019
Време: 20:00 – 22:30 часот

Events

12 години Conquering Lion
Тетовски бенд Conquering Lion кој свири даб/реге/кросовер постои од 2007-ма година и овој месец ќе одржи концерт во чест 12 години од своето постоење. Како специјални гости на настанот ќе настапат реге артистите Samity (Rice and Peas) и Kappa Irie (Zionlionz SS) од Бугарија.
Локација: Младински Културен Центар
Датум: 13.04.2019
Време: 21:00 – 00:00 часот

Events

Фестивал за детска литература и илустрација
Настан на кој ќе се презентираат најдобрите дела од домашната и светската детска литература, како и многу други креативни содржини и работилници.
Локација: Музеј на современа уметност
Датум и време: 13.04.2019 од 11:00 часот - 14.04.2019 до 21:00 часот

Events

Piknik Park - Linkin Park Real Tribute
Скопје е следната дестинација на Piknik Park единствениот tribute на легендарните Linkin Park. Во склоп на нивната голема европска турнеја тие до сега настапија во Загреб, Нови Сад, Белград.
Локација: Станица 26
Датум: 18.04.2019
Време: 20:00 – 23:30 часот

Events

Стјуардеси
Македонска театарска претстава која ја раскажува комичната приказна за Бернард и неговите три вереници – стјуардеси.                                        
Локација: Театар Комедија
Датум: 22.04.2019
Време: 20:00 часот

Events

Во рамки на европската турнеја по повод излегувањето на новиот албум „Raise Vibration“, LENNY KRAVITZ ќе го посети и Скопје, на 03-ти мај во ВИП Арената. Од сите земји во регионот, Скопје и Софија се единствените градови каде фановите ќе имаат шанса да го видат неверојатното шоу на Lenny Kravitz во Indoor амбиент.

Events

Папата Францис ќе ја посети Република Северна Македонија во Мај. Тој прво ќе ги посети градовите Софија и Раковски за време на посетата на Бугарија, која ќе се одржи на 5-7 мај, на 7 мај ќе пристигне во Скопје, Република Северна Македонија.

Events

Стинг доаѓа во Скопје на 02.06.2019, овој пат со историско стадионско шоу во арената „Филип Втори“. Во рамките на турнејата „My songs“ која во суштина претставува best of tour, Sting ќе понуди едно несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на The Police и од соло кариерата.

Events

Светската ѕвезда Андре Риу на 6-ти јуни ќе настапи во живо во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје со неговиот 60-член оркестар „Јохан Штраус“, во рамки на светската турнеја за 2019-та година. Тој е познат како современиот „крал на валцерот“, а неговите концерти се сметаат за едни од најемотивните настани.

Events

Во рамките на својата светска турнеја, која почнува на 17 февруари 2019 година, каде го промовира најновиот студиски албум со наслов „Vita ce n`e’, а која ќе ги опфати сите континенти, една од најголемите светски музички ѕвезди, Eros Ramazzoti ќе одржи концерт и во Скопје во ВИП Арената, на 30 септември 2019 година.

Events

Задоволните клиенти рекоа за нас...

„Топла препорака за сите. Љубезен и секогаш добро расположен персонал. 24 часа на располагање. Дизајн на целиот ентериер, направен по мерка и потреба на гостите. Совршено чисто и удобно во мирен крај без бука. Обилен доручек, светски, кој постојано се дополнува и бесплатен паркинг.“

За својот престој во Хотел Влахо Андријана Симиќ од Србија вели:

„Кога стигнавме во хотелот не пречекаа на топол и пријателски начин. Тоа беше нашата прва посета во Северна Македонија и затоа имавме толку многу прашања а персоналот трпеливо ни одговори на секое прашање, хотелот беше прекрасен.“

За неговиот престој во Хотел Влахо Г-дин Тајфун У. вели:

„Прекрасен хотел со многу чисти соби и пријатен амбиент во објектите. Централната локација во комбинација со цената се апсолутно одлични.“

За неговиот престој во Хотел Влахо Г-дин Arndt Wünscher вели: